И Веспрем конечно го „огреа сонце“ – победи против вториот тим на Мешков Брест!

По врзаните порази во Лигата на шампионите од Кил и Монпелје,  на кој се надоврза и оној од Еурофарм Работник во регионалната СЕХА лига, ракометарите на Веспрем конечно се вратија на победничките патеки.

Избраниците на Давид Дејвис славеа на домашен терен против вториот тим на белорускиот првак Мешков Брест со 32-23.

Гостите изненадувачки диктираа темпо на стартот, водеа со 6-9, но домашните заиграа посериозно, Секели на голот почна да брани и до паузата Веспрем направи солидна залиха од пет голови, 15-10. Во вториот дел беше лесно да се игра и до крајот домашните рутински го заврши мечот.

Најдобри поединци во победничкиот состав беа Штрлек со осум голови и Тонесен со пет, додека кај Мешков се истакна Ваилупау со 12 погодоци.

Мотор Запорожје славеше над Нексе со 33-31, Загреб го победи Еурофарм Работник со 23-22, а Татран Прешов на гости беше подобар од Пекинг со 19-36.