ИХФ со промена: Наместо три пати, Македонија ќе игра само еднаш во централниот термин на СП!

Свтската ракометна федерација на два и пол месеци до стартот на Светското првенство, ги потврди промените на првично најавениот распоред.

Според него, Македонија требаше да ги игра дуелите со Норвешка, Холандија и Аргентина во „Таурон Арена“ во Краков од 20:30 часот, но според новиот распоред само еден дуел ќе биде одигран во тој термин.

Средбата со Норвешка ќе се игра на 13 јануари од 20:30 часот, додека средбите со Холандија и Аргентина ќе се играат на 15 и 17 јануари во првиот термин од 18:00 часот.

Централните термини сите натпреварувачки денови се резрвирани за Норвешка, домаќините Шведска и Полска, како и Данска и Шпанија.