ИХФ нема решение за Ковид 19, одново ги одложи Мундијалите за кадетки и јуниорки

Светската ракометна федерација продолжува да ги откажува натпреврувањата кои беа планирани да се одржат во текот на оваа година.

Откако летово поради пандемијата со коронавирусот немаѓе можност да се одржат светските шампионати за кадетки и јуниорки истите беа одложени за декември.

Сега најновите информации говорат дека првенствата се одново одложени и нема дасе играат во декември. Причината е одново во Ковид 19 вирусот така што идејата е да се намали бројот на натпревари во  овој период.

Воедно во некои земји вирусот почнува одново да се шири и никој не сака да има ново искачување на заразените насекаде низ  светот. Затоа првенствата за кадетките и јуниорките добија ново одлагање. Кога ќе се играат засега не се знае, но наскоро се очекува да има нови термини.

Инаку, кадетското првенство треба да се одржи во Хрватска во Пореч, додекајуниорското е во Романија во Букурешт.