ИХФ додели две вајлд-карти, Македонија ќе почека за учество на СП!

Светската ракометна федерација ги додели двете вајлд-карти што ги имаше на располагање за претстојниот Мундијал во Данска, Шведска и Норвешка.

Специјални покани од ИХФ добија Австрија и Исланд, а Македонија ќе мора да почека за настап на Светско првенство, откако претходно беше елиминирана од Украина во бараж средбите.

За Австрија помалку или повеќе беше очекувано дека ќе добие вајлд-карта со оглед на тоа што беше блиску да ја елиминира Шпанија во баражот.

Изненадувањето е Исланд, кој во баражот загуби два пати од Унгарија и има понизок рејтинг од Македонија на ранг-листата на ЕХФ.

Сега се комплетирани сите 32 тима што ќе играат во Скандинавија од 29 ноември до 17 декември.

За Македонија останува со нов селектор да се концентрира на квалификациите за ЕП 2024, а следна шанса за место на СП ќе биде во 2025 година.