ИХФ ги подели вајлд-картите за СП, Македонија ќе чека „ковид“ шанса!

Светската ракометна федерација ги додели вајлд-картите за претстојниот Мундијал во Шпанија што ќе се одржи во четири града во декември.

ИХФ реши да им даде вајлд-карти на Полска и Словачка, две репрезентации што исто како и Македонија, беа елиминирани во баражите за Светското првенство. Досега се познати 22 од 32 учесници на СП, а допрва се закажани уште три квалификациски првенства.

Ако се знае дека коронавирусот повторно зема замав низ светот, јасно е дека женската репрезентација на Македонија ќе има шанса како прва замена, односно најдобро рангирана селекција од Европа што нема обезбедено место на Мундијалот, да игра во Шпанија.

СП ќе се игра во Кастелон, Леирија, Торевиеха и Гранољерс од 2 до 19 декември, а ждрепката за групите ќе биде на 12 август.

Машката селекција на Македонија во јануари како прва замена од Европа доби шанса да настапи на Мундијалот во Египет, а веројатно ќе биде слично и на женското СП во Шпанија и национлните тимови ќе имаат проблеми со ковид, особено селекциите што доаѓаат од останатите континенти надвор од Европа, па и македонските дами ќе чекаат шанса од позадина да се најдат на големо натпреварување.

СП Шпанија, учесници:

Шпанија – организатор
Холандија – светски првак
Хрватска – ЕП
Данска – ЕП
Франција – ЕП
Норвешка – ЕП
Русија – бараж за СП
Чешка – бараж за СП
Словенија – бараж за СП
Србија – бараж за СП
Шведска – бараж за СП
Австрија – бараж за СП
Унгарија – бараж за СП
Романија – бараж за СП
Црна Гора – бараж за СП
Германија – бараж за СП
Ангола – Африканско првенство
Тунис – Африканско првенство
Конго – Африканско првенство
Камерун – Африканско првенство
Полска – вајлд карта
Словачка – вајлд карта
1 репрезентација – Северна Америка и Кариби (22-25 август, САД)
6 репрезентации – Азија (15-25 септември, Јордан)
3 репрезентации – Средна и Јужна Америка (5-9 октомври, Чиле)