ИХФ ги откажа Мундијалите, ЕХФ закажа ЕП!

Светската ракометна федерација пред две недели реши да ги откаже сите светски шампионати во машка и женска конкуренција во младинските категории што беа презакажани или регуларно закажани за 2021 година.

Но Европската куќа на ракометот реши да го врати на програмата Европското првенство во кадетска машка конкуренција (за играчи до 18 години) што беше откажано лани, за играчите од оваа категорија да не останат без натпревари скоро две години.

Континенталниот собир ќе се одржи во Хрватска со истите учесници, 16 на број, од 12 до 22 август во градовите Вараждин и Копривница. ЕХФ шампионатите во истата возрасна категорија ќе се одржат од 15 до 22 август во Летонија, Бугарија и Македонија, каде што ќе настапи нашата репрезентација.