ИХФ ги одложи и турнирите во Јужна Америка

Во поглед на заштита на ракометарите, тенерите и офијалните лица Светската ракометна федерација одлучи да ги прекине сите натпреварувања ширум светот. Последното соопштение на ИХФ се однесува на турнирите во Јужна Америка.

„Здравјето и безбедноста на сите кои се вклучени во процесот на организација и игра на ИХФ турнирите се приоритет на Светскта ракометна федерација. Како резултат на тоа ИХФ турнирите кои беа на распоредот во наредните недели во Централна и Јужна Америка се одложени заради заканите и потешкотиите кои ги носи вирусот ковид-19 во однос на ограничувањата за патувања и препораките на владите“, гласи соопшетението на ИХФ.

Интернационалниот женски турнир кој требаше да се игра од 24 до 29 март во Колумбија, машкиот турнир закажан за периодот од 31 март до 5 април исто така во Колумбија и турнирот во Централната зона кој беше на програмата од 1 до 5 април во Никарагва ќе бидат презакажани во наредниот период.