Историја за пикерот – Стоилов стана играч со најмногу настапи за Македонија на ЕП

Машката репрезентација остана со празни раце, иако можеби заслужи повеќе од пораз од Словенија, 27-25.

Сепак овој натпревар ќе го памети кружниот напаѓач Стојанче Стоилов, кој сега е прв на листата на македонски ракометари со најмногу настапи на ЕП.

Тој сега има 29 натпревари на ЕП, а на второто место ги остави Дејан Манасков и Борко Ристовски кои имаат по 28.

Кире Лазаров е четврти со 27 натпревари на континенталниот собир, додека петти на листата е Филип Миркуловски со 26 настапи за Македонија.

Нашата селекција утре го има вториот настап на ЕП и ќе се соочи со Црна Гора во „Феникс Арена“ од 18:00 часот.