Историјата се повторува: Ист датум, исти ривали, после девет години, Целје загуби два меча

Екипата на Целје која доминира во првенството на Словенија во последните неколку години претрпе втор пораз во четири дена што е првпат после девет години.

Тимот на Целје го нема доживеано ова од 2012 година кога загуби од истите ривали како и во средата и денеска така што историјата се повторува.

Во средата Целје загуби на домашен терен против Горење со 23:25, а денеска и од Копер на гости со 28:29. Ова беше повторување на историјата речиси со идентичен редослед.

Пред девет години на 14 април Целје тогаш загуби од Копер со 24:29 исто така на гостински детен. На 18 април тогаш загуби дома од Горење со 25:33.

Дали ова е некаков знак или нешто сосема друго ќе покаже времето, но факт е дека бројките и противниците имаат некакво претскажување за тимот на Целје.

ПОРАЗИТЕ НА ЦЕЛЈЕ

14 АПРИЛ 2012

КОПЕР – ЦЕЛЈЕ  29:24

18 АПРИЛ 2012

ЦЕЛЈЕ – ГОРЕЊЕ               25:33

14 АПРИЛ 2021

ЦЕЛЈЕ – ГОРЕЊЕ               23:25

18 АПРИЛ 2021

КОПЕР – ЦЕЛЈЕ  29:28