Историјата се повторува: Дуото што пред 18 години ја израдува Битола, сега е пред ново славје!

Еурофарм Пелистер славеше со 26-23 против Вардар и се најде на два чекори до освојување на шампионската титула.

Последен пат се славеше во Битола во 2005 година, а тогаш на клупата на Еурофарм Пелистер беше Звонко Шундовски, кој и сега е дел од стручниот штаб.

Играч во таа екипа беше актуелниот предводник на пелистерци, Александар Јовиќ, па веројатно битолчани одново го најдоа рецептот за титули.

За Еурофарм Пелистер остануваат уште две кола до крајот на првенството – на гостински терен кај Охрид и на домашен терен против Тиквеш.

Битолчани се први на табелата со 36 бодови, Вардар е втор со 33, додека Алкалоид е трет со 30.