Исланѓаните лути – бараат да се тргне круната на данскиот крал од зградата на Парламентот во Рејкјавик

Селекцијата на Исланд не успеа да обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство, откако Данска загуби од Франција, и најмногу може да стигне до петтото место на континенталниот собир.

Сите на островот се разочарани по ваквиот расплет, а најдалеку отиде исландскиот политичар Бјорн Леви Гунарсон веднаш после поразот на Данска.

Тој на Твитер апелираше да се тргне амблемот и круната на данскиот крал Кристијан од врвот на Парламентот во Исланд.

Зградата на Парламентот е од 19. век и се наоѓа во Рејкјавик, а Гунарсон апелира дека сега е вистински момент на врвот да се стави некој друг симбол на Исланд.

И обичниот народ на Исланд, очекуваше помош од Данците, па сега додека се уште трае лутината, и политичарите се обидуваат преку спортот да ќарат некој поен плус.