Исланѓаните кренаа глас: Ракометни пријатели – како да го спречиме ова, што да правиме?

По еден од домаќините на СП, Шведска, стигна уште реакција до Светската ракометна федерација, овојпат од Исланд.

Голманот на „рибарите“, Бјоргвин Пал Густавсон, се огласи на Твитер со порака до ИХФ и им се обрати на ракометарите.

„Дали се шегувате со овие ковид мерки за Мундијалот? Дали се обидувате да го уништите нашиот спорт? Ракометни пријатели, што да правиме? Како да го спречиме ова?“, напиша Густавсон.

Ракометарите треба да се тстираат три пати – три дена пред првиот настап на СП, потоа пред главната рунда и пред четвртфиналето, а маските и овојпат ќе бидат неизоставен дел од Мундијалот.

Исланд ќе игра во шведскиот Кристијанштад и ќе биде во група со Унгарија, Португалија и Јужна Кореја.

Ковид-тестовите ќе бидат „декор“ на Мундијалот во Полска и Шведска!

Швеѓаните лути: Короната е минато, зошто ни го прават ова!?