Исланд ја заврши својата работа, ќе чека услуга од Данска за да оди во полуфинале

Селекцијата на Исланд ја заврши својата работа и сега ќе чека услуга од Данска за да се пласира во полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка. „Рибарите“ ја совладаа убедливо Црна Гора со 24-34.

Избраниците на Гудмундур Гудмундсон уште од стартот си го фатија редот. По само десетина минути Исланд водеше со 1-6 и беше јасно дека на истрошените Црногорци им се заканува катастрофа.

По 4-8, исландските репрезентативци се одлепија со четири гола во серија на плус осум, 4-12, а до паузата Црна Гора не можеше да направи ништо повеќе со безидејните напади и многуте грешки, 8-17.

Милош Вујовиќ даде два гола во серија на стартот на второто полувреме за 10-17, но Асгеирсон и Елисон вратија набрзина за 10-19. Имаа мал блесок избраниците на Зоран Рогановиќ и намалија на минус пет, 16-21, но немаа сили за нешто повеќе.

По тајм-аутот на Гудмундсон, Исланд заигра посериозно, ја зголемија предноста и ја одржуваа рутински до самиот финиш до конечните 24-34. Сега на „рибарите“ им останува да го чекаат исходот од средбата Данска – Франција и да се надеваат на триумф на Данците за и тие да се пласираат во полуфиналето.

Најдобри стрелци кај победничката репрезентација беа Омар Инги Магнусон со 11 погодоци и Бјарки Мар Елисон со осум гола од осум обиди, додека кај Црна Гора се истакнаа Милош Вујовиќ со 11 и Божо Анѓелиќ со шест гола.

26 јануари 2022
24 - 34
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
26 јануари 2022 20:25 EURO22 1GRUPA 2021/2022 26.01.2022 60'

Место

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА АРЕНА БУДИМПЕШТА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЦРНА ГОРА824Пораз
ИСЛАНД1734Победа

ЦРНА ГОРА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Матовиќголман00
2Филип Вујовиќлево крило00
7Стефан Чавордесен бек00
8Вук Лазовиќпивот00
9Радојица Чепиќцентрален бек02
11Бранко Вујовиќдесен бек00
14Милош Вујовиќлево крило111
16Небојша Симиќголман10
18Небојша Симовиќпивот20
20Стеван Вујовиќлев бек00
21Васко Шеваљевиќлев бек02
24Милош Божовиќлев бек00
25Марко Ласицадесно крило02
26Ристо Вујачиќдесен бек00
32Божо Анѓелиќцентрален бек06
90Немања Грбовиќпивот01
 Вкупно 424

ИСЛАНД

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Арон Палмарсонцентрален бек02
7Виго Кристјансондесен бек00
8Бјарки Мар Елисонлево крило08
9Елвар Јонсонцентрален бек02
11Имир Гисласонпивот22
14Омар Магнусондесен бек011
16Виктор Халгримсонголман00
20Агуст Бјоргвинсонголман00
22Сигвалди Бјорн Гудјонсондесно крило01
23Кристјан Кристјансондесен бек01
24Теитур Орн Ејнарсондесен бек01
28Ори Фреј Торкелсонлево крило00
36Елвар Асгеирсонлев бек03
37Магнус Оли Магнусонлев бек00
38Дари Аронсонлев бек01
39Тран Ори Јонсонпивот02
 Вкупно 234

ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФРАНЦИЈА550010
2ГЕРМАНИЈА52125
3УНГАРИЈА52034
4ИСЛАНД52034
5АВСТРИЈА51224
6ХРВАТСКА51133