Ómar Ingi MAGNUSSON (14) during the 5th place handball match Iceland vs Norway, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 28.01.2021, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Исланд без Магнусон на првите два квалификациски натпревари

Десниот бек на репрезентацијата на Исланд и актуелен член на Магдебург, Омар Магнусон нема да настапи на првите два квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство 2024.

Ракометарот, кој важи за еден од носителите на играта во составот на Гудмундур Гудмудсон, од приватни причини реши да не биде во репрезентативниот состав за натпреварите против Израел и Естонија.

Гудмудсон на местото на Магнусон го повика Кристијан Кристијансон, ракометар на француски Екс ан Прованс. Младиот ракометар за репрезентацијата на Исланд има одиграно 12 меѓународни натпревари и постигнато 20 гола.

Исланд вечерва со почеток од 21:45 часот ќе го одигра првиот квалификациски натпревар за пласман на континенталниот собир во 2024, а ривал на избраниците на Гудмудсон ќе биде селекцијата на Израел.

Исландската репрезентација на 16 октомври во Талин ќе игра против Естонија, додека реванш дуелите против Израел и Естонија, како и двобојот со Чешка, ќе ги одигра во текот на 2023 година, односно во периодот од 8 март до 30 април.