Исландска легенда објави крај на богатата кариера на 41 година!

Долгогодишниот ракометар на Рајн Некар и репрезентативец на Исланд, Александер Петерсон со пост на Фејсбук ја сподели својата одллука после крајот на сезонава да ја заврши својата играчка кариера на 41 година.

Петресон е роден во Рига, Летонија каде што започнал да се занимва со ракомет. На 18 годишна возраст десниот бек заминал на Исланд во клубот Грота.

После седум години, во 2005 година Петерсон го има првиот настап за репрезентаацијата на Исланд.

Во својата кариера Петерсон има настапувано за Дизелдорф, Гросвалштад, Фленсбург, Фуксе Берлин, Рајн Некар и Мелсунген. За репрезентцијата на Исланд има 180 настапи и има освоено сребрен медал на Олимписки игри во 2008 година во Пекинг и бронзен медал на Европското првенство во 2010 година во Австрија.