Иран парираше, но Црна Гора ги освои бодовите, Франција прва го завери пласманот во следната фаза

Денес започна второто коло од Светското првенство во Полска и Шведска. На денешните натпревари победија остварија репрезентациите на Црна Гора, Франција, Бразил и Португалија.

Црна Гора се израдува на првата победа на Мундијалот, откако славеше против селекцијата на Иран, со резултат 34:31, во натпревар од групата А. За избраниците на Зоран Рогановиќ денешните освоени бода се од големо значење, со оглед на тоа дека во последното, трето коло, ќе играат против Чиле, така што повеќе од сигурно е дека групната фаза ќе ја завршат со две победи.

Вујовиќ и неговите избраници во текот на целиот натпревар беа тврд противник, во вторите 30 минути во неколку наврати го изедначија резултатот (20:20, 21:21), но до крајот немаа сили за сензација против амбициозната селекција на Рогановиќ.

Во споменатата група, од терминот од 20:30 часот ќе играат Шпанија и Чиле. Во првото коло ,,црвената фурија” беше убедлива против Црна Гора, додека Чиле во неизвесен натпревар загуби од Иран.

Франција со убедливата победа против Саудиска Арабија од 41:23 веќе обезбеди пласман во следната фаза на Мундијалот. Избраниците на Гијом Жил денешниот натпревар го добија уште во првото полувреме, кое заврши во нивна корист од 23:14. Вториот дел беше само формалност за ,,сините”, кои одработија како на тренинг.

Во последното коло од групата Б, Франција ќе се соочи со Франција, додека Саудиска Арабија ја очекува тежок предизвик, во последното, трето коло, ќе игра против домаќинот Полска.

Селекцијата на Бразил беше убедлива против Уругвај со резултат 35:24. Бразилците веќе со една нога се во втората фаза, а на последниот натпревар од групната фаза ќе играат против селекцијата на Зеленортските Острови, која денес оди на мегдан со домаќинот Шведска.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2023, 2. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ЦРНА ГОРА – ИРАН 34:31 (19:16)

ШПАНИЈА – ЧИЛЕ 20:30ч

ГРУПА Б

ФРАНЦИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА 41:23 (14:14)

ПОЛСКА – СЛОВЕНИЈА 20:30ч

ГРУПА Ц

БРАЗИЛ – УРУГВАЈ 35:24 (19:10)

ШВЕДСКА – ЗЕЛЕНОРТСКИТЕ ОСТРОВИ 20:30ч

ГРУПА Д

ПОРТУГАЛИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА 32:24 (15:12)

ИСЛАНД – УНГАРИЈА  20:30ч

Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат натпреварите од второто коло од групите Е,Ф, Г И Х.