Им нема рамен – Татран Прешов стигна до 24 трофеј во Купот на Словачка

Ракометарите на Татран Прешов по 24 пат го освоија трофејот во Купот, односно 17 пат во ерата на независноста на Словачка.

Во финалниот натпревар во Требишов, Татран Прешов славеше против Повашка Бистрица со 32-24, откако и на полувремето водеше со 15-11.

Капитенот на тимот, Оливер Рабек, со осум голови беше предводник на Татран и стана најдобар стрелец.

Татран со овој триумф обезбеди место во Лигата на Европа за следната сезона и награда од 1.200 од словачката федерација.