„Имаме поинаква атмосфера после поразот од Алкалоид, но ќе се вратиме на победите“

Екипата на Вардар во четвртфиналето од регионалната СЕХА лига за ривал ја доби екипата на Војводина.

Тимот од Нови Сад сезонава има засилен состав со неколку интернационалнци, а најпознатите засилувања за Белорусинот Барис Пуховски и Тунижанецот Аиди Мохамед Азиз. Двајцата играат на позицијата на лев бек.

Тука е и хрватскиот голман Фран Лучин и Словенецот Грегор Оцвирк, кој една сезона мина во редовите на македонскиот шампион.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски имаше позитивни комплименти за екипата на Војводина и истакна дека неговиот тим ќе се врати на победничките патеки.

,,Важен меч за нас. Ние се подготвуваме за Војводина, а и не разсмилуваме за тоа со каков состав тие ќе дојдат. Малку е поинаква атмосферата сега по последниот поразот во домашното првенство, но до четврток ќе успееме да се вратите на старите победнички патеки.. Војводина доминира во српското првенство, и игра во полуфиналето на европските купови. Имаа одлични мечеви со Нексе и со Еурфарм Пелистер и победија со висока разлика, и тоа е доказ дека се добар тим. Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбрана. Не ни значи дали играме прво дома, па во гости. Некогаш е добро што дома играш прво бидејќи ќе го знаеме исходот, но сепак се играт 120 минути. Имаме неколку повредени играчи, ќе се потрудиме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред, бидејќи имаме натпревари и во првенството, куп и СЕХА лигата. Немаме многу време за подготовки, но секој момент се користи за задржување на високата форма. Тешко е да издржи ритамот на 3 меча за 6 дена. Кој ќе го издржи тој ритам ќе се радува на крајот од сезоната”, изјави Недановски.

Првиот дуел меѓу Вардар и Војводина ќе се одигра на 6 април во СЦ ,,Јане Сандански”, со почеток од 18:00 часот, додека реваншот е закажан за 11 април.

Георгиевски: Нема време за тагување, фаворити сме против Војводина