Георгиевски: Нема време за тагување, фаворити сме против Војводина

Првиот четвртфинален дуел од регионалната СЕХА лига за Вардар сезонава значи домаќинство против Војводина.

Како второпласирани во групата, Вардар за ривал го доби српскиот шампион, кој беше првопласиран во другата група.

Десното крило на Вардар, Гоце Георгиевски очекува квалитетен натпревар со тимот од Нови Сад.

Искусниот член истакна дека Војводина е квалитетна екипа, која има добра бековска линија предводена од искусниот Борис Пуховски, но смета дека неговиот тим е фаворит на овој двобој.

,,После еден тежок период со многу мечеви доаѓа и овој со Војводина. Нема време за тагување и размислување. Гледаме напред. Војводина игра добро во европските купови. Имаат и млади и искусниџ играчи. Од лани се многу поквалиттени. Првиот меч е предност што играме дома. Ние сме фаворити да го добиеме мечот со повисока разлика, и да мислиме после на вториот. Кога се брка резултат е потешко. А имаме и повеќе време за одмор, бидејќи не треба да патуваме. Сега распоредот е згуснат, се игра постојано. Треба да се одмориме физички, но со главите да бидеме во мечот, нема право на грешки повеќе. Имаат добра бековска линија. Пуховски знае добри да соработува со пивотменот. Имаат транзиција добра, и ние треба подобро да се враќаме во одбрана. Затоа нашата одбрана ќе биде на испит и ќе треба добро да одиграме тука, за да можеме после во напад да дадеме гол”, изјави Георгиевски.

Првиот дуел меѓу Вардар и Војводина ќе се одигра на 6 април во СЦ ,,Јане Сандански”, со почеток од 18:00 часот, додека реваншот е закажан за 11 април.