„Имав 14 години кога одлучив дa станам најдобриот на светот“

Еден од најдобрите играчи на денешницата, Норвежанецот Сандер Сагосен е најголемата ѕвезда во преодниот рок, тој од ПСЖ ќе се пресли во Кил во пресрет на наредната сезона.

Сандер имаше извонредна сезона, одлични настапи за ПСЖ, а ја предводеше и репрезентацијата на Норвешка до третото место на Европското првенство во јануари и беше најдобар стрелец на турнирот. Норвежанецот имаше интересна изјава од каде потекнува неговата мотивација да стане најдобар на светот.

„Одлучив да станам најдобриот на светот, имав 14 години кога ова им го кажав на моите родители. Тогаш добив целосна поддршка во секоја смисла. Зошто да се занимавате со нешто ако не сакате да станете најдобри? Ако тоа го сакате ништо не може да ве спречи. Бидејќи сум надпросечен во вештина и физички карактеристики лесно беше да верувам дека можам да го сторам тоа. Татко ми, мѝ покажа што можам, но без мајка ми не би направил ништо. Можам да кажам дека беше тоа тимска работа“, рече Сагосен.

Сагосен е роден во околината на Трондхајм во ракометно семејство. Неговиот татко Ерленд бил ракометен голман и репрезентативец на Норвешка. Додека сè уште играл имал голема желба да стане тренер и направил мини ракометен терен со гол. Ова било доволно Сандер да се определи за ракомет, иако започнал да тренира фудбал.

Сагосен имаше добар ракометен пат, без прескокнување на скалила во кариерата. Од анонимниот Колстад преку Хаслум и Алборг па се до екипите во врвот на светскиот ракомет ПСЖ и Кил. Во семејната куќа на ѕидот пишува „Ако сакате да станете најдобри морате да тренирате двојно повеќе од останатите“. Овој цитат не му претставува проблем на Сагосен да го следи.

„Развојот на мојата кариера го нарекувам „совршена крива“. Без ова не би бил тоа што сум сега. И ден денеска не ми претставува ниакаков проблем сè што тренирам, едноставно тоа станува мојот начин на живот“, објасни Сагосен.