„Имав неколку понуди, но поради студиите останав дома“

Образованието е доста важен дел од животот, но понекогаш тоа останува во втор план и е жртвувано со цел побрзо напредување во кариерата.

Сепак, има и поинакви ситуации кога спортистите се решаваат да му дадат мала предност на образованието, но има и такви ситуации кога и двете работи одат паралелно и се извршуваат со успех.

Така е и со пивотот на Металург, Милан Лазаревски кој покрај тоа што е веќе дипломиран правник има запишано и постдиплоски студии, а воедно е успешен и на теренот бидејќи во Металург има одлична минутажа и добри парии, а е дел и од репрезентацијата.

Тој поради студиите реши да жртвува малку од кариерата бидејќи одлучи да не прифати понуди за заминување во странство така што е уште во Македонија.

„Морам да признаам и дека поради моите студии не заминав во странство иако имав понуди и бев во контакт со неколку екипи надвор од Македонија. Сепак, сметав дека првично треба да го завршам образованието, а потоа целосно да му се посветам на спортот“, изјави Лазаревски во интервјуто за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го прочитате во продолжение.

Ракометар и правник: Двете работи во кои пивотменот Милан Лазаревски сака да успее