Илиќ: Играчите во Веспрем мора да бидат како семејство, тоа е една од клучните работи за успех

Како што претходно објави клубот, предводник од клупата наредната сезона на Веспрем ќе биде клупската легенда и поранешен лев бек Момир Илиќ.

Србинот сподели какво е чувството кога ќе добиете понуда од таков ракометен гигант да го предводите од клупата, а исто така зборуваше и за промените кои планира да ги направи во тимот.

„Уникатно беше чувството кога ме контактираше Веспрем. Бидејќи да те побара таков клуб за тренер е фантастичен момент од животот. Ова е голем предизвик за мене, но е многу посебен бидејќи играв за Веспрем шест години и две години работев со младите категории“, изјави Илиќ.

На прашањето како ќе успее да ја распореди минутажата на средните бекови кои ги има четири во ростерот, Илиќ имаше погдотвено одговор и веднаш најави еден дел од тактиката која ќе ја практикува.

„Ова е многу лесно прашање, едностанвно нашата лева бековска позиција ќе има потреба од помош, па еден од средните бекови ќе игра на таа позиција“, рече Илиќ.

Илиќ планира големо внимание да посвети на градење на тимскиот дух за да играчите се чувствуваат како едно семејство што според него е една од клучните работи за успех.