Избран ALL – STAR тимот на Женската лига за сезоната 2022/2023

Им честитаме на избраните ракометарки кои се дел од премиерниот избор на All-Star тимот во македонската женска лига за сезона 2022/2023.

Откако успешно го спроведовме по петти пат изборот на All – Star Team во машка конкуренција во првенството на Македонија, и со свечена манифестација првпат им доделивме на најдобрите статуетки, редакцијата на 24Ракомет како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот организираше избор на најдобриот тим на сезоната и во женска конкуренција. Повторно изборот го направивме во соработка со нашите пријатели од Mozzart .

Во изборот учествуваа читателите на 24Ракомет кои имаа една седмица да гласаат за една од трите предложени ракометарки на секоја позиција.

За нешто помалку од една седмица на сајтот на 24Ракомет регистрирани се вкупно 284.392 гласови.

Покрај читателите во изборот гласаше и редакцијата на 24Ракомет, па по сумирањето на резултатите од двата сегмента, беа избрани најдобрите.

Во идеалниот тим на сезоната во Женската лига се најдоа три ракометарки на шампионот Ѓорче Петров, по две од Вардар и Чаир, како и по една ракометарка од редовите на Куманово и Металург. За најдобар тренер на сезоната најмногу гласови доби Симе Симовски од Ѓорче Петров.

All – Star тимот за сезоната 2022/2023:

голман – Андреа Илиќ (Вардар)

лево крило – Анастасија Николовска (Ѓорче Петров)

лев бек – Теодора Гулицоска (Чаир)

среден бек – Леонора Рахмани (Чаир)

десен бек – Борјана Коцева (Вардар)

десно крило – Тамара Ивановска (Куманово)

пикер – Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров)

тренер – Симе Симовски (Ѓорче Петров)

дефанзивец – Милица Николиќ (Ѓорче Петров)

млада ракометарка – Ива Младеновска (Металург)

   

Во име на нашите читатели, оние кои го дадоа својот глас и редакцијата на 24Ракомет им честитаме на победниците.