ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА – СРЕДЕН БЕК

Првпат редакцијата на 24ракомет организира избор на најдобриот тим на сезоната во женска конкуренција во Македонија. Ќе можете да гласате за најдобрите седум ракометарки по позиции, како и за најдобра млада ракометарка, одбранбен играч и тренер. Во првиот избор во женска конкуренција се вклучени читателите и редакцијата на 24Ракомет.

Откако успешно го спроведовме по петти пат изборот на All – Star Team во машка конкуренција во првенството на Македонија, редакцијата на 24Ракомет како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот реши да организира и избор на најдобриот тим на сезоната и во женска конкуренција. Повторно изборот го правиме во соработка со нашите пријатели од Mozzart .

Во гласањето ќе бидат вклучени публиката преку онлајн гласање, и редакцијата на 24Ракомет. На тој начин ќе ги одбереме најдобрите ракометарки за натпреварувачката сезона 2022/23.

Покрај седумте позиции – голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, ќе избираме и тренер на сезоната во Женската лига, како и најдобар дефанзивец и млада ракометарка.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ВО НЕДЕЛА, 11 JУНИ 2023 

Номинирани се по три ракометарки на секоја позиција од кои ќе биде избрана најдобрата.

Читателите ќе може да гласаат за една од трите ракометарки. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 3,2,1, според освоеното место, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – 3 (најдобар), 2 (второпласиран), 1 (третопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за трите понудени ракометарки по приципот 3, 2, 1. На крај ќе се направи вкупен збир од двата сегменти (публика/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

НАЈДОБАР СРЕДЕН БЕК НА СЕЗОНАТА:

Леонора Рахмани (Чаир) – Капитенски одигра во завршената сезона и покажа дека знае да се снајде на секоја позиција. Дадената шанса максимално ја искористи на теренот, одлично ја организираше играта и беше една од клучните ракометарки за високиот пласман на Чаир во Женската лига.

Андреза Алмеида (Куманово) – Речиси да немаше натпревар на кој Алмеида нема двоцифрен број на постигнати погодоци. Бразилката ги влечеше сите конци во тимот на Димитријески, сите акции одеа преку нејзе и натпреварувачката сезона ја заврши како втор најдобар стрелец во шампионатот на Македонија.

Ивана Арсениевска (Металург) – Репрезентативката на Македонија имаше голема минутажа на теренот и беше меѓу најдобрите стрелци во редовите на тимот од Автокоманда. На дерби средбите знаеше да ги преземе работите во свои раце и да го израдува својот тим. Во повеќе наврати покажа дека поседува голем потенцијал, кој максимално треба да биде искористен.

Гласајте на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022-2023 ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)