ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА – ЛЕВ БЕК

Првпат редакцијата на 24ракомет организира избор на најдобриот тим на сезоната во женска конкуренција во Македонија. Ќе можете да гласате за најдобрите седум ракометарки по позиции, како и за најдобра млада ракометарка, одбранбен играч и тренер. Во првиот избор во женска конкуренција се вклучени читателите и редакцијата на 24Ракомет.

Откако успешно го спроведовме по петти пат изборот на All – Star Team во машка конкуренција во првенството на Македонија, редакцијата на 24Ракомет како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот реши да организира и избор на најдобриот тим на сезоната и во женска конкуренција. Повторно изборот го правиме во соработка со нашите пријатели од Mozzart .

Во гласањето ќе бидат вклучени публиката преку онлајн гласање, и редакцијата на 24Ракомет. На тој начин ќе ги одбереме најдобрите ракометарки за натпреварувачката сезона 2022/23.

Покрај седумте позиции – голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, ќе избираме и тренер на сезоната во Женската лига, како и најдобар дефанзивец и млада ракометарка.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ВО НЕДЕЛА, 11 ЈУНИ 2023 

Номинирани се по три ракометарки на секоја позиција од кои ќе биде избрана најдобрата.

Читателите ќе може да гласаат за една од трите ракометарки. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 3,2,1, според освоеното место, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – 3 (најдобар), 2 (второпласиран), 1 (третопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за трите понудени ракометарки по приципот 3, 2, 1. На крај ќе се направи вкупен збир од двата сегменти (публика/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

НАЈДОБАР ЛЕВ БЕК:

Теодора Гулицоска (Чаир) – Секогаш беше меѓу најефикасните во тимот на Басри Љатифи и одигра на високо ниво во текот на целата натпреварувачка сезона, особено во дерби натпреварите. Стружанката сезоната ја заврши како најдобар стрелец во својот тим.

Сара Стефаноска (Вардар) Со само 18 години покажа голем раскошен талент и репрезентативен потенцијал на левата бековска позиција. Ракометарката од Кичево имаше одлична сезона во „црвено-црниот дрес“, иако нејзиниот тим не успеа да направи чекор повеќе од претходната сезона. Талентираната членка на вардаровиот табор сезоната ја заврши меѓу петте најдобри стрелци во единствената женска сениорска конкуренција.

Габриела Величковска (Куманово) – Една од најискусните во Женската лига потврди дека стекнатото интернационално искуство може да биде од голема помош, особено за тим со високи амбиции. На поголемиот дел од натпреварите погодуваше кога беше најпотребно, имаше висока реализација и знаеше како да одигра во одбрана. Со својот тим стигна до вицешампионското место.

Гласајте на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022-2023 ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)