ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – ЛЕВ БЕК

Изберете ги најдобрите ракометари во машката Суперлига. Можете да гласате за најдобрите седум ракометари по позиции, како и за најдобар млад ракометар, одбранбен играч и тренер. Победниците ќе бидат прогласени и наградени на свечена манифестација кон крајот на мај. Во изборот се вклучени читателите, редакцијата 24Ракомет и новинари од повеќе различни македонски медиуми.

Традиционално на крајот на ракометната сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната. Сезонава изборот ќе кулминира заедно со одигрување на последното коло кога ќе бидат прогласени и најдобрите ракометари на секоја позиција во македонското ракометно првенство за сезоната 2022/2023.

Како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот во соработка со нашите пријатели од Mozzart кои се нашиот официјален партнер на изборот за сезонава ќе ги наградиме најдобрите ракометари во македонскиот ракометен шампионат.

Покрај публиката, во гласањето традиционално се вклучени и новинарите кои следат ракомет од сите медиумски формати во Македонија, заедно со редакцијата на 24Ракомет.

Единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот, 24Ракомет ви овозможи и вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ВО САБОТА, 28 МАЈ 2023 

Номинирани се по тројца играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот.

Читателите ќе гласаат за еден од тројцата понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 3,2,1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – 3 (најдобар), 2 (второпласиран), 1 (третопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за трите понудени ракометари по приципот 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

Лев бек на сезоната: 

Филип Талески (Вардар) – Македонскиот репрезентативец одигра на високо ниво целата сезона и беше меѓу најдобрите поединци на „црвено-црниот“ тим.

Арнад Хамзиќ (Тиквеш) – Босанскиот интернационалец покажа во повеќе наврати дека е големо засилување за кавадаречкиот клуб и имаше голема улога во обезбедувањето на место во Европа.

Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Младиот репрезентативец доби шанса оваа сезона во првиот тим на битолчани и ги оправда очекувањата на клубот и на навивачите.

Гласајте на линкот во продолжение…

АНКЕТА: ГЛАСАЈТЕ ЗА ИДЕАЛЕН ТИМ ВО СУПЕРЛИГА – СЕЗОНА 2022/2023