Иди ми, дојди ми – Германскиот Грк се враќа во Рајн Некар

Голманот Николас Кацијанис е пред кам-бек во екипата на Рајн Некар Левен и ќе биде опција на голманската позиција во тимот од Манхајм. Поранешниот репрезентативец на Германија веќе започна со тренинзи во Рајн Некар.

Дополнителен проблем за германскиот тим е долгото закрепнување кое ќе го има искусниот голман, Микаел Апелгрен поради втора операција на коленото, па на голот освен Андреас Паличка, требаше да биде и младиот Давид Шпет.

Во минатата сезона, Кацијанис беше доведен во Рајн Некар од Ерланген како замена за Апелгрен и дадената прилика меѓу стативите максимално ја искористи. Иако беше најавено дека заминува од клубот, сепак тој веројатно ќе продолжи со настапи во Манхајм.

Рајн Некар новата сезона во Бундес лигата ќе ја започне на 9 септември, а противник ќе биде незгодниот тим на Хановер. Осум дена подоцна, односно на 18 септември, Кацијанас ќе има 39 години.