ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

На средбите од 2. коло во Супер машката лига домашните екипи не дозволија изненадување на пет средби. Победија Пролет, Бутел Скопје, Радовиш, Струга и Еурофарм Пелистер 2. Единствен гостински тим кој дојде до бодови беше Металург кој победи во Прилеп.

Сезоната се игра по нов распоред односно секој петок и понеделник поради коронавирусот така што ќе има згуснат календар и натпревари кои сигурно ќе донесат многу возбудувања.

Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната.

Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 14 часот.

Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение.

This poll has ended (since 3 years).

ГЛАСАЈТЕ ЗА НАЈКОРИСНИОТ РАКОМЕТАР НА ВТОРО КОЛО ОД МАШКА СУПЕРЛИГА

Цветан Кузмановски, л. крило, Еурофарм П. 2
25.63%, 384 од 1498 гласа
Пеце Рајатовски, д. крило, Струга
22.23%, 333 од 1498 гласа
Бојан Блажевски, голман, Бутел
15.82%, 237 од 1498 гласа
Доне Мајнов, десен бек, Пролет
12.15%, 182 од 1498 гласа
Милан Лазаревски, пивот, Металург
8.88%, 133 од 1498 гласа
Александар Василевски, лев бек, Пролет
8.61%, 129 од 1498 гласа
Ивица Илиев, среден бек, Радовиш
6.68%, 100 од 1498 гласа