Играше за Металург, требаше да дојде во Вардар, а сега најде нов клуб

Црногорскиот репрезентативец Божо Анѓелиќ ќе има нов интернационален предизвик во својата кариера.

Искусниот ракометар откако го раскина договорот со украинскиот првак Мотор Запорожје беше во потрага по нов клуб.

Анѓелиќ по добрите партии на Мундијалот во Полска и Шведска се одлучи кариерата да ја продолжи во Ал Кураин од Кувајт.

Двете страни веќе постигнаа соработка, која ќе биде со важност до крајот на натпреварувачката сезона 2022/23.

Црногорецот во својата кариера го носеше дресот и на Металург, Ференцварош, Малме, Црвена Ѕвезда, Чеглед и Цепелин.

Средниот бек, летоска имаше потпишано договор со Вардар, но по суспензијата од ЛШ на „црвено-црните“, се пресели во Запорожје.