Играше за Металопластика, ЦСКА Москва, Констанца…сега се пресели во Косово

Поранешниот член на ЦСКА Москва, Игор Радојевиќ, во новата сезона ќе настапува во косовскиот шампионат.

Црногорецот ќе го носи дресот на суперлигашот Раховец и се очекува со своето стекнато искуство да му помогне на амбициозниот тим во остварување на зацртаните цели.

Радојевиќ во минатата сезона настапуваше за црногорскиот шампион Ловќен и откако со клубот од Цетиње не се договори на нова соработка, одлучи да ја прифати понудата од косовскиот тим.

Десниот бек, кој може да одигра и како десно крило, во неговата татковина настапуваше за Беране, Комови, Мојковац и Будуќност.

На интернационално ниво беше дел од босанскиот Извиѓач, Металопластика од Шабац, Макаби Хаифа од Израел, Егер од Унгарија, романска Констанца и ЦСКА Москва.