„Играчите доаѓаат, се заразуваат, гледате како Брза Помош ги изнесува од соблекувална…тоа остава траги“

Селекцијата на Хрватска нема да игра во полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Хрватската јавност не е задоволна од игрите на ЕП, селекторот и играчите трпеа и трпат критики, но полека стратстите се смируваат.

Селекторот Хрвоје Хорват вели дека било многу тешко да се функционира во текот на целото првенство.

„Сите работи што се случуваат последните неколку дена со короната, со болести, со ситуација кога Брза Помош ви ги изнесува играчите од соблекувалната, секако дека остава трага. Секако дека тука престанувам да бидам селектор, станувам татко на играчите. Сакам само да ја опишам ситуацијата и условите во кои работиме. Доаѓаат здрави момци, преку ноќ се заразуваат, се враќаат на своите семејства, и тие се нечи татковци, нечии синови…Невозможно е некој да дојде овде и да не сака да даде максимум. Но мислам дека сето ова отиде во друга насока, веројатно и јас погрешив“, вели Хорват.

Хрватските легенди како Метличиќ и Јовиќ имаа големи критики кон Хорват, тој им возврати, но веројатно сега страстите се смирија.

Хрватска денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство против Холандија.