Играа со непријавена ракометарка, па ЕХФ ги исклучи од Лига на Европа

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја прифати жалбата на романската екипа Глорија Бузау, која кон средината на месец октомври, реагираше до европската ракометна куќа, откако во реванш дуелот против Малага, во рамки од второто квалификациско коло од Лига на Европа, шпанскиот тим на дел од натпреварот настапи со ракометарка која што не беше пријавена во официјалниот записник.

За потсетување, ракометарката Изабел Медеирос во 43. минута од дуелот постигнала гол, но делегатот на натпреварот реагирал, откако не можел да ја најде споменатата ракометарка на записникот и после утврдувањето на големиот пропуст, ракометарката од Бразил морала да го напушти теренот и да се пресели на трибините.

Со одлуката на ЕХФ, екипата на Малага е исклучена од понатамошниот тек од натпреварите во Лига на Европа и нејзиното место го завезема екипата на Глорија Бузау. Судот на ЕХФ смета дека вината во оваа ситуација е кај претставниците на Малага, а не кај делегатот.

Малага на двата натпревари обезбеди победа, првиот го доби минимално со 32:31, додека на реванш дуелот запиша поубедлива победа со 30:24. ЕХФ одлучи реванш дуелот да го регистрира со службен резултат од 10:0 во корист за романскиот тим. Глорија Бузау во третата фаза од Лига на Европа ќе игра против унгарски Мошонмаѓаровар.

Голем пропуст: Ракометарка играше непријавена во записник, клубот може да биде исклучен од Европа!