Зорман го повика пелистерецот Лесјак за двомечот со Црна Гора

Селекторот на Словенија, Урош Зорман, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за двомечот против Црна Гора од квалификациите за ЕП 2024 година.

Зорман ќе смета и на членот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак, а во голманската тројка се уште Јоже Базник и Урх Кастелиц.

Одново на списокот ги нема средните бекови Сташ Скубе и Миха Зарабец, кои не играа ниту на Мундијалот во Полска и Шведска.

Словенија има две победи, исто колку и Црна Гора и практично е пласирана на ЕП 2024 година, но ќе се бори за прво место.

Првиот нивен дуел се игра во Подгорица на 9 март, додека реваншот е во Копер на 12 март.