„Знаеме кој е Вардар, но покажавме дека може да се носиме со него“

Денес на македонска сцена продолжуваат натпреварите од плеј-оф фазата од Супер машката лига. Ракометарите на Тиквеш на свој терен ќе му се спротистават на актуелниот шампион, Вардар, во натпревар од 5. коло.

Двата натпревари од регуларниот дел од сезоната им припаднаа на „црвено-црните“, со резултат 30:25 и 34:27. Денешниот натпревар, кој ќе се одигра со почеток од 19:00 часот во СЦ „Јасмин“ ќе претставува вистинска можност за проверка на силите за кавадарчани, кои атакуваат за место на европска сцена.

Голманот на Тиквеш, Марјан Велков е свесен за големината на противникот, но се надева на позитивен резултат пред своите навивачи.

„Не очекува тежок натпревар со минатогодишниот шампион. Знаеме кој е Вардар во ракометот како име, но, нели спортски е да се надеваме на добра игра од наша страна, а со тоа и на добар резултат. Игравме со нив двапати во регуларниот дел и покажавме дека може да се носиме. Ќе го дадеме максимумот да се покажеме во најдобро светло пред нашата верна публика која секогаш е со нас и ни ја дава потребната поддршка. Ќе излеземе на терен и ќе се обидеме да оствариме што подобар резултат“, изјави Велков.

Левото крило, Димитар Коцев, најавува голема борбеност против актуелниот освојувач на двојната круна.

„Ни доаѓа Вардар, натпревар во кој треба да уживаме пред полна сала, а воедно и да покажеме борбеност и добра игра со што ќе се подготвиме за натпреварите кои што одлучуваат за трето и четврто место и излез во Европа“, изјави Коцев.

Судии на овој натпревар ќе бидат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје, додека делегат ќе биде Камер Металари, исто така од Скопје.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090