„Златното момче“ од Мундијалот на мета на Фленсбург, Колстад, Мелсунген…

Новиот репрезентативец на Данска, Симон Питлик откако имаше одличен деби настап на Светското првенство 2023, стана мета на неколку богати клубови, кои сакаат да го ангажираат во своите редови.

Питлик моментално е член на данскиот шампион ГОГ, клуб со кој има договор до 2025 година.

Младиот ракометар, кој на Мундијалот во Полска и Шведска беше избран за најдобар лев бек, во интервју за данската телевизија „ТВ 3 СПОРТ“ истакна дека сѐ уште не е познато како ќе се одвиваат работите за следната сезона и тој не го крие фактот дека сонува да замине во странство на одреден период.

22-годишниот ракометар можно е да остане во ГОГ, но исто така можно е на лето да си замине од данскиот шампион и да го има првиот интернационален предизвик во својата кариера.

Пред неколку дена германскиот портал ,,HNA” објави дека левиот бек од Данска може да ги засили редовите на Мелсунген. Сепак за неговите услуги е заинтересиран и Фленсбург, како и амбициозниот тим од Норвешка, Колштад, пренесува „RTH Handball“.

Фленсбург за следната сезона го ангажираше десниот бек од Магдебург, Кај Смитс, потоа левото крило од Силкеборг, Акел Хорген и кружинот напаѓан од Гепинген, Блаж Благотиншек.

Колштад во следната натпреварувачка сезона ќе биде посилен со тројцата репрезентативци на Норвешка, Сандер Сагосен, Горам Јоханесен и Магнус Род.