Златните „лавици“, Начевски и Николов ги добија премиите од РФМ

Ракометната федерација на Македонија ја исплати ветената премија за женската кадетска репрезентација што го освои златниот медал на ЕХФ шампионатот во Литванија.

Покрај нив, ветената премија ја доби и најдобриот судиски пар, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за женската кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб за освојување на прво место на EHF Championship W17 Lithuania 2021, како и за обезбедување пласман на W17 EHF EURO 2023, W19 EHF EURO 2023  и обезбедено учество на WU18 WCH 2022 во Грузија. Дополнително, согласно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометна Федерација на Македонија  ја исплати и паричната награда на EHF и IHF судискиот пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во износ од 1000 Евра поединечно за учество на финалната арбитража на Олимпискиот Турнир во Токио“, се вели во соопштението на РФМ.