Златната генерација на Вардар од 2017 на дело: Лука и Игор против Алекс, Жоан, Хорхе…

Денеска во „Tеле 2 Арена“ во Стокхолм ќе се одигра последниот натпревар од Европското првенство што изминатите 18 дена се одржуваше во три држави – Австрија, Норвешка и Шведска.

Во битката за најсјајното одличје од континенталниот собир ќе се борат селекциите на Хрватска и Шпанија, кои во полуфиналето ги елиминираа Норвешка и Словенија.

Интересен факт за овој натпревар е што на теренот во „Теле 2 Арена“ ќе бидат петмина ракометари од златната генерација на Вардар од 2017 година.

Лука Циндриќ и Игор Карачиќ на една страна за Хрватска, ќе играат против Шпанците Жоан Кањелас, Хорхе Македа и Алекс Душебаев.

Натпреварот започнува од 16:30 часот.