„Зебрите“ го прошетаа „цел свет“ за седум месеци! (ФОТО)

Германскиот шампион Кил се „пофали“ на социјалните мрежи дека во штотуку завршената сезона ракометарите и стручниот штаб поминале дури 44.858 километри во патувања.

Поминати скоро 45.000 километри за само седум месеци колку што траеше сезоната, е малку повеќе отколку што е потребно да се обиколи цела земјина топка.

Оваа километража е помината со автобус, воз и авион, а „зебрите“ освен на европскиот, беа и на азискиот континент лани летоска кога се одржа Супер Глоуб.