„Зборовите на некои луѓе повеќе ме болат отколку ударите на теренот“

Францускиот репрезентативец Седрик Сорендо го продолжи договорот со Барселона на уште една сезона и ќе се обиде со каталонскиот гигант да стигне до нова европска круна.

Тој за шпанскиот „Мундо Депортиво“ говореше за актуелната ситуација во САД со Афроамериканците и расизмот.

„Тоа што сега се случува во САД и во светот е многу деликатна ситуација. Секој збор што ќе биде изваден од контекст може да предизвика проблеми и недоразбирања. Расизмот и сето тоа што е поврзано со него треба да престане. Во мојот живот сум се соочувал со многу непријатни ситуации, но на крај се обидувам да се фокусирам на убавите работи. Кога бев мал, без збунет затоа што сум различен од другите и чувстував дека луѓето околу мене не ме сакаат. Тие кажуваа лоши работи, а нивните зборови болеа повеќе од ударите на терените. Светот не може да биде перфектен, но тоа не значи дека не може да промениме некои работи. Ако затвораме очи пред некои работи, тогаш ситуацијата може да се влоши, а тоа не се однесува само на расизмот. Мораме сите да го направиме светот подобро место за живеење“, вели Сорендо.