„За Хансен се спремивме, а за Вујовиќ не? Хорват треба да се занимава со себе, а не со тоа кој што зборува“

Хрватска со поразот од Данска со 27-25 ги загуби шансите за место во полуфиналето на Европското првенство.

Легендарниот десен бек Петар Метличиќ упати низа критики кон селекторот Хрвоје Хорват и му порача да се занимава со себе и со ракометарите, а не со тоа што зборуваат другите.

„Најважно за него е да се занимава со себе и со ракометарите, а најмалку со тоа што зборуваат другите. Ако имаш одговорност, тогаш одговарај за нешто и со тоа треба да се носиш. Ако не можеш, тогаш се повлекуваш. Никој од нас не посакува лошо, само зборуваме за тоа што го гледаме. Ние не зборуваме за лош квалитет на играта на Хрватска против Црна Гора, туку за тоа дека екипата исто како да не дојде на терен и не се бореше против многу поскромна селекција од Данска. Еве задоволни сме затоа што бевме супер против Данска, но каде сме? Си одиме дома“, вели Метличиќ.

Тој смета дека поразот од Данска не беше клучен во борбата за полуфинале, туку оној од Црна Гора.

„Нас ни беше најважен двобојот со Црна Гора, а не со Данска. Тоа беше недопустливо, таков пристап. Не сме се подготвиле? За Микел Хансен се подготвувавме, а за Бранко Вујовиќ не? Никој не посакува лошо за националниот тим, но ова се факти и работи кои се случија и некој мора да понесе одговорност за ова“, заврши Метличиќ.

За Хрватска останува да одигра уште против Исланд и Холандија, а најмногу што може да стигне е до трето место во групата и меч за петто место на ЕП.