„За Федерер страст е тенисот, за мене – ракометот“

Поранешниот репрезентативец на Унгарија, Габор Часар од 2015 година настапува во првенството на Швајцарија, во екипата на Кадетен Шафхаузен. Тој во интервју за handball-world.news раскажа како дознал за прекинувањето на првенството и за неговите планови за иднината.

Ракометната федерација на Швајцарија на 13 март одлучи да стави крај на сезоната, а потоа донесе одлука првенството да биде поништено, очигледно ова одлука тешко ја прифатил Унгарецот.

„Се разбира ситуацијата е сериозна, но психолошки одлуката за прекинување тешко беше да се прифати. Искрено првите неколку недели беа тешки, разочарувањето беше огромно. Работевме осум месеци, бевме фаворити во првнството и со еден телефонски повик заврши сè“, коментираше Унгарецот.

Во текот на сезоната Часар имаше проблеми со рамото, па така оваа пауза е добредојдена за него за целосно да се опорави. Иако во јуни полни 36 години тој истакна дека планира да игра додека го служи телото.

„Мојата филизофија е иста како онаа на Роже Федерер, се додека телото ми дозволува ќе продолжам да играм. За Федерер тенисот е страс, а за мене тоа е ракометот. Сакам да се борам секоја наредна година и следната сезона е голема мотивација за мене“, рече Часар.