За ТВ шпици – цепелин од гол на гол (ВИДЕО)

Првенството на Франција е сè посилно и сè игра се поквалитетен ракомет. На терените ширум земјата можат да се видат многу убави голови и атрактивни потези.

Таков еден погодок постигнаа ракомeтарите на Бесансон на гостувањето кај Стразбур. После промашувањето на домашната екипа голманот на Бесансон фрли долга топка која на работ на шестерецот ја прифати неговиот соиграч кој постигна атрактивен погодок.

Атракцијата и прекрасниот погодок може да го погледнете во следното видео…