За се има првпат – загубија после 18 години доминација!

Женската кадетска репрезентација на Јапонија го освои Азиското првенство, откако во неизвесното финале славеше над Јужна Кореја со 24:23.

Јужна Кореја од 2005-та година, односно од кога започнаа да се одржуваат азиските првенства за кадетки, има победено на сите натпревари и ги има освоено сите титули.

Кадетската репрезентација на Јужна Кореја на Азиското првенство 2022 не настапи поради ограничувањата на патувања поради ковид пандемијата.

Третото место им припадна на ракометарките на Кина, додека на 4. позиција заврши селекцијата на Кинески Тајпеј.

Најдобрите четири репрезентации од Азиското првенство за кадетки обезбедуваат директен пласман на Светското кадетско првенство 2024.

Како што е познато, големи се шансите домаќин на кадетскиот Мундијал 2024 да биде Македонија.