За малку од готово – вересија: Скопје имаше супер финиш, но Прилеп си замина со победа

Ракометарите на Прилеп потешко од очекуваното остварија победа на гостувањето кај екипата на Скопје 2020 со еден гол разлика, 30:29, во 4. коло од Супер машката лига. Прилепчани можат да бидат задоволни со освоените три бода бидејќи незгодната екипа на Скопје во последните десет минути од натпреварот беше вистинска закана за избраниците на Горан Кузманоски.

Ракометарите на Симе Симовски добро го отворија натпреварот и по неколку минути игра имаа водство од 3:2. Гостите од Прилеп предводени од Рустамов почнаа да го контролираат резултатот, а во поголемиот дел од првиот дел имаа водство од четири гола предност.

Во втората половина од првото полувреме немаше поголема промена на теренот. Скопје се обидуваше резултатски да фати приклучок и да се врати во игра, но поискусната екипа на Прилеп секогаш успеваше да ја одржува стекнатата разлика во своја корист. На пауза, Прилеп замина со предност од 18:15.

Ракометарите на Прилеп во второто полувреме до 40. минута го одржуваа солидното водство од првиот период. Во последните дваесетина минути, Скопје заигра поангажирано во нападот и чекор по чекор фаќаше ритам.

Во 46. минута, Прилеп имаше два гола предност, 26:24, а седум минути подоцна, Скопје преку Филип Василевски намали на само еден гол негатива 25:26, и најави интересна завршница. Сепак, клучни беа последните пет минути во кои и двете екипи направија неколку технички грешки. Прилеп преку интернационалците од Грузија, Реваз Чантурија и Мириани Гавашелишвили стигна до посакуваната победа.

26 септември 2021
29 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
26 септември 2021 19:48 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 26.09.2021 60'

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СКОПЈЕ 20201529Пораз
ПРИЛЕП1830Победа

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот15
4Марио Мишевскилево крило04
5Бојан Чакалиќцентрален бек11
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек07
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило01
19Велимир ГрујовскиСреден бек24
20Лука Благопетровдесно крило00
22Андреј Пешевскицентрален бек00
23Благој Димчевскипивот00
24Стефан Стојановскилев бек00
25Леонид Киселовскилев бек07
28Али Кобеисипивот10
77Симон Калајџиескилево крило00
 Вкупно 529

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот12
5Лео Дамчевски-00
7Хазеин Рустамовлево крило09
9Христијан Бикоскилево крило00
12Иван Ангелескиголман00
17Хари Павловдесен бек03
18Давор Шокоскилев бек00
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-00
23Реваз Чантуријадесно крило04
27Христијан Милошевскилев бек13
28Синиша Павловдесен бек00
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек16
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек13
 Вкупно 430

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
НИКОЛОВСКИ АЦО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515