Затуроска е МВП, Кирова најдобар голман, Ризоска најдобар стрелец

Екипата на Стружанка ја одбрани титулата во кадетската лига откако во неизвесното финале против Вардар славеше со 23:21. Победникот беше одлучен на пенали бидејќи регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 20:20.

По финалето, беа прогласени најдобрите поединци на Ф4 турнирот, кој се одржуваше во салата при СОУ „Нико Нестор“ во Струга.

За МВП на кадетскиот турнир е прогласена ракометарката од Стружанка, Бојана Затуроска, која во полуфиналето против Шампион и во финалниот дуел против Вардар беше незапирлива.

Наградата за најдобар голман и припадна на Ема Кирова од третопласираната екипа, Шампион, додека за најдобар стрелец беше избрана Емилијана Ризоска од Феникс. Битолчанката Ф4 турнирот во Струга го заврши со 26 постигнати погодоци.

Драма во Струга – Кадетките на Стружанка преку пенали до шампионската титула!