Затаи шутот во финишот, Вардар остана без бодови против Пик Сегед

Ракометарите на Вардар имаа добар натпревар против Пик Сегед, но во последните седум минути реализираа само еднаш и тоа на крајот ги чинеше пораз од 26:28 со што останаа без два многу важни поени.

Од почетокот на натпреварот можеше да се види дека и двете екипи се подготвени и мотивирани и дека се решени на овој дуел да се надигруваат. Пик Сегед отвори подобро и брзо обезбеди 5:2. Овие плус три ги чуваше неколку минути, а предност имаше до средината на првото полувреме.

Во 15. минута дојде до ново израмнување на 7:7, а потоа дојде времето за вардарци. При 9:10 успеаја со два гола по ред да дојдат до водство од 11:10, а потоа имаа и 3:0 при што обезбедија убава предност од 15:13 и со оваа разлика заминаа и на одмор.

На почетокот на вториот дел ракометарите на Вардар продолжија во ритамот во кој играа во завршницата на првото полувреме. Предноста од три гола ја одржуваа десет минути, а потоа противникот успеа да се врати во игра и на средина од второто полувреме да израмни на 20:20.

Од тој момент се влезе во период во кој имаше неизвесност и надигрување. Брзо Пик Сегед дојде и до водство, но тоа постојано беше еден гол, а Вардар израмнуваше. Така беше до пет минути пред крај кога голот на Алиловиќ како да беше магепсан бидејќи топката никако не завршуваше зад неговиот грб. Неколку напади не беа реализирани, па Банхиди во 58. минута донесе 27:25 за составот на Пик Сегед.

До крајот не беше искористен седмерец, а беше погоден само еден удар. Тоа беше премалку со оглед на фактот дека во последните седум минути Вардар имаше само еден гол, па мораше да потпише капитулација во овој важен дуел против Пик Сегед со 26:28.

14 февруари 2021
26 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
14 февруари 2021 19:30 ЛИГА НА ШАМПИОНИ А 2020/2021 14.02.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611526Пораз
ПИК СЕГЕД1328Победа

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман01
2Васко Шеваљевиќлев бек00
3Патрик Валчакпивот04
5Стојанче Стоиловпивот02
9Гоце Георгиевскидесно крило00
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
15Кристијан Дисингерлев бек12
18Ловро Јотиќцентрален бек06
21Глеб Каларашпивот02
24Анте Гаџацентрален бек00
27Иван Чупиќдесно крило03
28Филип Талескилев бек00
31Тимур Дибировлево крило06
41Марко Вујиндесен бек00
44Јосип Векиќдесен бек10
77Робин Кантегрелголман00
 Вкупно 226

ПИК СЕГЕД

# Играч Позиција Исклучување Голови
8Јонас Калманлево крило01
9Рихард Бодолев бек03
14Жоан Канељаслев бек02
15Ник Хенигманлев бек00
16Роланд Миклерголман00
17Богдан Радивојевиќдесно крило06
22Матеј Габерпивот11
24Марио Шоштариќдесно крило11
27Бенце Банхидипивот06
32Мирко Алиловиќголман00
37Станислав Кашпарекдесен бек05
42Мартин Страновскилево крило00
44Деан Бомбачцентрален бек03
45Миклош Ростапивот00
51Борут Мачковшеклев бек00
 Вкупно 228
ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140