Запознајте ја ракометарката што пееше на Евровизија!

Професионалното занимавање со спорт не ја оневозможи Финката Пернила Карлсон да се стекне со музчко образование, а подоцна и да ја претставува својата земја на Евровизија. Таа победи на домашниот избор за претставник на популарното музичко натпреварување и ја претставуваше Финска на фестивалот во Баку, Азербејџан, во 2012 година.

Пернила Карлсон потекнува од градот Сиунтио, спортски град со помалку од 10 илјади жители каде што атлетиката е најзастапена, но постои и ракометен клуб кој го носи името на градот. Мајката на Пернила се занимавала со ракомет и таа е главна причина зошто и нејзината ќерка почнала да игра ракомет.

Во исто време Пернила учела да свири пијано во локалното музичко училиште, а исто така таа пеела одлично. До крајот на училишните денови освен признанија за успесите во ракометот, Карлсон имала и своја музичка група со која подоцна ќе настапи на Евровизија.

Откако победила на национален музички натпревар во 2006 година, Пернила потоа повеќе се посветила на ракометот. Можноста за играње во првенството на Финска и репрезентацијата очигледно и биле попривлечни. Кариерата и се движеше во нагорна линија, таа стана лидер на клубот Сиунтио со кој два пати беше вицешампион на земјата. Најдобрите изданија на Карлсон се во 2010 година кога играше во најдобра форма. Во 2012 година Пернила го водеше својојт тим до историската титула во Купот на Финска кога постигна 7 од 18 гола за тимот.

Набргу потоа Пернила обезбеди место во завршниот избор за претставик на песна за Евровизија која требаше да се одржи во Баку. Црвенокосата ракомeтарка победи со повеќе од 50 проценти гласови од публиката и стана претставник на својата земја на Евровизија. После победата на домашниот избор почнаа проблемите со ракометот бидејќи првенството сè уште траеше, но Пернила не го запорави својот клуб и му помогна да се избори за место во плеј-офот.

Настапот на Евровизија беше големо искуство за младата 21-годишна девојка, која за прв пат се сретна со толкаво внимание од медиумите. Потоа продолжи да се занимава со музиката, а ракометот остана во втор план што е и очекувано бидејќи двете работи невозможно е да се искомбинираат. Откако се пресели во Хелсинки поради музиката, таа го смени и клубот и почна да настапува за клубот Дикен. Ова донесе поголема посетеност на натпреварите, сите сакаа да ја видат музичката ѕвезда на ракометниот терен.

Во 2013 година таа се врати во нејзиниот Суинтио и повторно играше главна улога во тимот со кој стигна до финалето на Купот. Во 2017 година имаше уште едно враќање во клубот откако ги откажа сите други активности во меѓувреме, а тоа беа водење на радио емисија и видео блог.

Во пролетта 2018 година Пернила Карлсон целосно го напушти спортот и исчезна од јавноста. Дури не е активна ниту на социјалните мрежи, а како што кажа не сака воопшто да се појавува во ниту еден медиум. Можеби во иднина повторно ќе го чуеме нејзиниот глас во некоја нова песна.