Заминувањето на Хансен не е случајно, ПСЖ ќе го намалува буџетот!

Тимот на ПСЖ од следната сезона ќе има значително помал буџет во однос на сега. Раководството на францускиот првак наместо 18 милиони евра, планира буџетот да изнесува 12 милиони евра.

Хансен и Карабатиќ се најплатените ракометари во тимот, а данскиот репрезентативец од следното лето ќе се врати во татковината. Французинот пак е многу веројатно дека ќе ја заврши кариерата.

Најголем број од играчите имаат договори до крајот на сезоната 2021/2022, па сигурно е дека за останување во Париз ќе добијат пониски понуди.

Тимот на ПСЖ имаше голем број неуспешни обиди да ја донесе европската титула во Париз. Освен оваа сезона, ќе остане веројатно последна шанса следната сезона, особено за Микел Хансен да стигне до европскиот трон, иако и данскиот Алборг најавува дрим трим од 2022 година.