„Задоволството е што помладите ракометарки покажуваат амбиции“

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски имаше свое видување за настапите на турнирот во Турција при што истакна дека целта на овој турнир била да се испробаат некои нови ракометарки. Исто така спомена и за можноста во претстојните квалификации шанса да добијат повторно помладите.

„Во Турција беше генерално убав турнир за нас, имавме комбиниран состав бидејќи сакав да пробам некои помлади ракометарки како ќе се однесуваат на такви натпревари. Задоволството е што и тие помлади ракометарки родени 2002/2003 година покажуваат амбиции кои што ќе треба да ги насочуваме ние како тренери како да се развиваат во наредните три-четири години додека не ги изградиме како ракометарки. На овој турнир покажаа одреден степен на интересна игра во одбрана и напад, меѓутоа повторно треба да има насоки да ги подобруваме нивните тактичко-технички способности. Повозрасните ракометарки одработија константно добро. Потребни ни се посилни натпревари, со поквалитетни репрезентации за да знаеме до каде сме. Ни следат натпревари со Португалија, Шведска и Чешка, ќе работиме на тоа и помладите да добијат шанса на овие дуели и ќе инвестираме во тие девојки“, изјави Симовски за 24Ракомет.

Македонија турнирот го заврши со две победи над Труција Б и Косово, реми со Италија и пораз од најдобрата селекција на Турција.