Загреб се засили со унгарски двометраш пред дуелот со Еурофарм Пелистер

Тимот на Загреб по долго време забележа победа, откако славеше над Татран Прешов во регионалната СЕХА лига со 27-23.

Пред дуелот со Еурофарм Пелистер в сабота во истата конкуренција, „плинарите“ договорија нов ракометар.

Станува збор за десниот бек од Чурго, Чаба Лејметер, кој ќе ги брани боите на Загреб најмалку до крајот на сезоната.

Лејметер играше за Татабања и Будакалаш пред настапите за Чурго, а има 26 години и одлични физички предиспозиции. Ќе му прави друштво на Марио Вуглач на десната бековска позиција.